Паника во Прилеп: Дождот направи проблеми - поплавени повеќе куќи

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, дождовите последните 24 часа и наглото топење на снегот предизвикаа поплави на куќи и помошни простории на жителите на шест села во општина Прилеп и општина Долнени.

- Во прилепско последните 24 часа наврнаа 12 литри на метар квадратен и наглото топење на снегот предизвикаа поплави. Поплавени се куќи и помошни простории во три прилепски села: Лагово, Галичани и Ерековци, како и во три населени места во општина Долнени: Белополе, Вранче и Средорек. Поплавен е и дел од патот Прилеп-Крушево кај месноста „Бегова ливада“,  изјави Влатко Котекси од Центарот за управување со кризи во Прилеп.

Како што информира Котески, комисии на двете општини се на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:13
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега