Попушти одводниот канал во кочанско - водата истекува кон селата

Кај кочанското село Бање од најдодените води попуштил одводниот канал од кои водата истекува во нивите кон селата Чешиново-Облешево и Чифлик. Голем дел од земјоделските површини насеани со есенски култури се под вода и има случаи таа да навлегла во подрумските простории на куќите од овие села.

- За настанатата состојба го информиравме и Центарот за управување со кризи. Состојбата станува алармантна посебно во оние села каде што се излеа Кочанска и Злетовска река. Ние сме на терен и со механизација од приватна компанија од село Чифлик ги ублажуваме последиците од поплавите, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Одводните канали во селата Горни и Долни Подлог и Мојанци ги чистат жителите на овие села за да не дојде до полави во нивните домови . 

Состојбата со врнежите од дожд во општините Кочани, Чешиново и Облешево будно се следи.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега