Екипите на МЖ ја отстранија карпата од пругата кај Демир Капија

Работници на Македонски железници ги отстранија карпите и останатите пречки долж пругата Демир Капија-Клисура-Миравци и овозможија непречено одвивање на железничкиот сообраќај. 

Одроните настанаа од обилните врнежи кои ја зафатија земјава, а го оневозможија утринскиот воз да соораќа од Скопје кон Гевгелија, кој беше задржан во станицата Демир Капија.

Поради настанатата ситуација екипите менаџерскиот тим на  ЈП МЖ Инфраструктура, остануваат на критичните места и будно ја следат ситуацијата се се со цел да интервенираат доколку е тоа потребно.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега