Фалангата читаше весници: Досадно е да ве победуваме! (ФОТО)

Одлична слика приредија навивачите на македонската репрезентација во финишот на мечот против Австрија, кога веќе беше познато дека повторно ќе славиме победа над редовниот муштерија.

Припадниците на македонската фаланга си читаа весници, на симпатичен начин порачувајќи им  на Австријците дека веќе станува досадно да ги победуваме. Претходно во квалификациите за СП 2012 го елиминиравме денешниот противник во два бараж дуели, а потоа бевме подобри и лани во Хернинг, Данска на ЕП.

Третата победа е еднакво важна, ни го донесе второто место во Б групата, а штосот на нашите навивачи беше светски и изнуди насмевки кај сите што го видоа.

ФОТО: Екипа 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега