Познато во колку часот играме во недела против Словенија

Дури денес светската ракометна федерација ги одреди термините и сатницата за натпреварите кои ќе го искристализираат турнирот во неговата последна недела.

Мечот на кариерите нашите ракометари ќе го имаат в недела од 19 часот по средно европско време во „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ против Словенија во второто осминафинале во оваа сала. По осминафиналето во „Палау Сан Жорди„ во Барселона во 2013 година и поразот од Германија, по втор пат на нашата репрезентација му се укажува шанса низ ваков формат да влезе меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.

Со оглед на тоа што седум репрезентации од овој мундијал обезбедуваат олимписки квалификации, Македонија е на чекор по втор пат во својата историја да игра турнир од чиј што епилог зависи можноста за прв пат еден наш колективен спорт да игра на олимпијада.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега