ИЗМЕНА: Против Словенија сепак нема да играме од 19 часот

Осминафиналниот меч против Словенија во недела ќе започне во 16.30 часот, објавија организаторите на овој светски шампионат, пренесува ЕКИПА.

Првичниот план беше дуелот меѓу второпласираната селекција од нашата група и третопласираниот национален тим од групата А да се игра од 19 часот, но во последен момент беше направена рокада, па Македонија ќе ја отвори програмата во салата „Али Бин Хамад Ал Атијах“, каде Македонија победи на трите натпревари што досега ги одигра.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега