Кире Лазаров најкорисен играч

Со деветте постигнати гола против Австрија, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров направи голем исчекор кон врвот на листата на стрелците.

Денешниот негов меч беше комплетен, исполнет со многу голови, асистенции и влијание на играта. Лазаров е на 5 гола до водечкиот на листата на стрелците, словенецот Драган Гајиќ. Но затоа во севкупната листа за најкорисен играч во која се собираат головите и асистенциите, Лазаров е убедливо прв. Групната фаза завршува утре со мечевите од 5 коло во Ц и Д групата.

Листа на стрелци:

1. Драган Гајиќ (Словенија) 43

2. Жарко Марковиќ (Катар) 41

3. Кирил Лазаров (Македонија) 38

4. Роберт Вебер (Австрија) 34

5. Иван Чупиќ (Хрватска) 28

Листа на голови + асистенции:

1. Кирил Лазаров (Македонија) 56

2. Жарко Марковиќ (Катар) 52

3. Драган Гајиќ (Словенија) 44

4. Сергеј Рутенка (Белорусија) 43

5. Родриго Салинас (Чиле) 43

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега