ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсен Зоран Верушевски

Уапсен екс директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, ексклузивно знава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, Верушевски се сомничи за серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје и детска порнографија.
Неофицијално дознаваме дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации, но во интерес на истрагата нашиот извор не сака да ни даде повеќе детали. 
Дознаваме дека Верушевски веќе е изведен пред Судија на претходна постапка.
Од полицијата засега само неофицијална потврдат. Повеќе детали се најавуваат за утре.
Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега