Украл мотор и го однел во Бутел да го продаде

Одделението за имотни деликти – Отсек за моторни возила до Основното Јавно Обвинителство со кривична пријава го предаде 23-годишниот К.Љ. кој направил Тешка кражба.

Имено, осомничениот на 30.10.2014 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во 02,30 часот, пред влезот на зграда број 5 на ул. „Даме Груев“ во Скопје, со употреба на погоден алат го извадил заштитниот ланец со кој моторциклот марка „Јамаха“ бил заврзан за бетонски столб, по што со помош на двајца наемни работници, кои ги ангажирал, го ставил моторциклот во камион, сопственост на неговиот татко и го транспортирал до населба Бутел.

Таму, го оставил во непосредна близина на црквата, место кое го договорил со непознато лице, кое му исплатило сума од 2.000 евра, по што на наемните работници им исплатил по 100 евра, а остатокот од парите ги искористил за свои лични потреби.

Од страна на Отсекот за моторни возила по претходни Барања за доставување наподатоци од страна на Основното Јавно Обвинителство, обезбедени се видео записи од околните објекти, како и од безбедносните камери поставени на крстосниците и објектите во Град Скопје на кои се гледа начинот на извршување на кривичното дело како и правецот на движење на камионот.

Извршен е претрес на домот на М.Љ., татко на пријавениот, каде двајцата живеат во семејна заедница, при што кај К.Љ. се пронајдени поголема количина пиштолска муниција од разен калибар за што биле известени полициски службеници од ЕНТ-ОНТОЕ за нивно понатамошно постапување.

Пронајдената пиштолска муниција и камионот се одземени и предадени за понатамошна постапка.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега