Семејството од Куманово остана без куќа - десет пожарникари со часови го гаснеле големиот пожар

 
Опожарена е  куќа во куманoвската населба Средорек. Во пожарот нема повредени лица, но причинета е занчителна материјална штета.
 
Речиси шест часа пожарникарите се бореле со огнената стихија која ја зафатила куќата на семејството Скендеровски во кумановската населба Средорек. Од територијалната противпожарна едница информираат дека интервенирале од три часот по полноќ.
 
- Пожарот го гасеа десет пожарникари со три противпожарни возила се до 07.50 часот утрово, изјави Дејан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово, пренесе МИА.
 
Поради брзата интеревенција на кумановските пожарникари огнената стихија не ги зафатила соседните куќи кои се во непосредна близина на куќата на Скендеровски.
 

Единаесетчленото семејство Скендеровски апелира до надлежните за помош, бидејќи во пожарот ја изгубиле целата покуќнина.

 
Причините за настанувањето на пожарот ќе се утврдуваат.
 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега