Верушевски во притвор - ќе одговара за прикажување порнографски материјал на дете

Уапсен е екс-директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, како што ексклузивно дозна Пресс24. Верушевски се товари за серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје, како и прикажување порнографски материјал на дете. 

При претресот кај него биле пронајдени 2 пиштоли, а му бил одземен и компјутерот каде што полицијата нашла порнографски материјал. 

Инаку, извршен е претрес и во Охрид кај синот на екс-директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање, при што биле одземени лап топ и мобилен телефн кои дополнително ќе се вештачат.

Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот.

 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега