Провокации од сите страни: Словенците удрија по Вугринец

Од 16:30 часот Македонија и Словенија ќе се сретнат во натпревар од осминафиналната фаза од Светското првенство во ракомет во Катар.

Еден на главните адути на Словенија, Урош Зорман на својот твитер профил постави фотографија, со кој продолжува со провокациите кон Ренато Вугринец, на која напиша: „Вуги, оди си дома“.

Овој меч ќе биде особено чуден за Ренато Вугринец, ракометарот кој за репрезентацијата на Словенија има одиграно над 200 натпревари и освоено бронзен медал од големите натпреварувања.

Сепак, откако подолг период не доби повик за репрезентацијата на Словенија, доби македонско државјанство, па на овој Мундијал ги брани боите на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега