Се разбеснил па со цигла удрил во шалтерот - пијан струмичанец направи хаос

 

Струмичанец направил хаос во просториите на Центарот за Социјална Работа во Струмица. Се работи за 42-годишниот А.К. кој вчера околу 15 часот фрлил тула со која го искршил стаклото на просторијата, по што тулата удрила во ѕидот и паднала во близина на шалтерите каде биле вработените. Потоа зел една бетонска плочка со која го искршил стаклото на влезната врата и со нога почнал да удира по стаклото од просторијата каде биле вработените и истото го оштетил. Од страна на полицајци бил приведен, а при извршено алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 2,07 промили.

Струмичанецот се трезнел во полиција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега