ВИДЕО: Од Грција екстрадирана гостиварчанка - ќе лежи 10 години затвор

Министерството за внатрешни работи успешно ја заврши екстрадицијата на 54-годишната Жанета Баша од Гостивар. Истата беше преземена од грчките органи на прогонот и спроведена на издржување на пресудената казна затвор во времетраење од 10 години во затворот Идризово.

Баша се бараше преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница распишана на 06.04.2014 година по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција на 22.09.2014 година по што и беше изречена мерка притвор и отпочна постапката за нејзина екстрадиција.

Повеќе прочитајте ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега