Во октомври локални избори на цела територија на Косово

Претседателката на Косово Атифете Јахјага денеска изјави дека локалните избори ќе се одржат во октомври истовремено на целата територија на Косово.

Косовската претседателка во текот на средбата со специјалниот претставник на Европската унија на Косово Самуел Жбогар изјавила дека истовременото одржување на изборите на цела територија на Косово е најдобра порака за сите граѓани. 

Јахјага истакна дека е потребна помош и поддршка од Организацијата за безбедност и соработка во Европа за одржување на изборите и во четирите општини во северниот дел на земјата. 

најчитано сега