ВМРО-ДПМНЕ: Како со приход од 33.000 денари месечно Шилегов купувал слики од над 50 илјади евра?

ВМРО- ДПМНЕ на пресконференцијата што се одржа денеска во просториите на Центарот за комуникации на партијата говореше за Петре Шилегов.

Во продолжение следи интегралниот текст од истата.

Петре Шилегов очигледно средствата стекнати од сомнителни извори ги вложува во луксуз и злато.

Според анкетниот лист на Петре Шилегов, не само што купувал часовници, накит и злато во вредност од 130 илјади евра, туку купувал и уметнички слики во вредност од над 50 илјади евра.

 

Претпоставуваме дека домот на Шилегови кој до скоро пријавуваа приход од 33 илјади денари месечно, е претворен не само во златарница, туку и во уметничка галерија.

 

Замислете, кај човекот што себе си се смета за средна класа се наоѓаат уметнички слики во вредност од 50 илјади евра!?

 

Господине Шилегов дали овие слики стекнати со купопродажен договор, сте ги купиле со пари од кирија од имотот кој непостои?

 

Или господине Шилегов, киријата од четирите фирми во вашиот стан ја наплаќате во уметнички слики?

 

Ова е веќе загрижувачки. Каде и да погледнете во анкетниот лист на Петре Шилегов гледате од сомнителен во посомнителен приход и имот.

 

Петре Шилегов само нека продолжи да молчи. На јавноста и е веќе јасно за каков човек станува збор. Петре Шилегов е човек кој добива пари од сомнителни извори во висина од 700 евра месечно за имот кој не постои. Петре Шилегов е човек кој не пријавува дали и колку кирија зема за четирите фирми во неговиот стан, Петре Шилегов е човек кој со минимални приходи купил злато и часовници од 130 илјади евра и уметнички слики во вредност од 50 илјади евра.

 

 Која од која работа е посомнителна. Излезете господине Шилегов и кажете дали на ваков сомнителен начин со лажирање на своите приходи и финансии од сомнителен извор го стекнавте вашиот имот од околу 1 милион евра.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега