Детали за страшната сообраќајка пред Штип во која загина едно лице

Едно лице загина, а двајца се повредени во тешката сообраќајка што се случи вечерва по 19 часот во близина на штипското село Криви дол.

Во сообраќајната несреќа учествувале три возила. Како што дознаваме од истрагата возачот на Југото починал на самото место, а двајца повредени биле во возилата Сеат и Шевролет - Матиз . Според првичните информации возачот на едно од возилата се обидел да избега од местото на несреќата

По само стотина метри повредениот возач,бил најден од екипите на брзата помош и однесен во болница. 

Увидот е во тек, а двајцата повредени се пренесени во Клиничката болница во Штип. Загинатото лице е маж на возраст од 30 – тина години, кај кого не биле најдени лични документи.

Нема информации за идентитетот и на другите учесници во сообраќајната несреќа, ниту за причината или за состојбата на повредените

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега