Пешак тешко повреден на скопските улици - што се случувало викендов?

Сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

Во петокот извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Во сабота извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во недела извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега