Крв на сите страни - детали за страшната сообраќајка кај Штип во која загина едно лице

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Едно лице загина, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Штип – Свети Николе, во близина на штипското село Криви Дол.

Според првичните информации, до несреќата дошло откако се судриле три возила „југо“, „пежо“ и „матис“,при што за жал од силината на ударот на лице место починал возачот на „југото“ кој е на возраст помеѓу 30-32 години, но сеуште не се знае неговиот идентитет бидејќи немало никакви документи кај него.

-Утврдивме дека нема никакви знаци на живот, со повреди и раскрвареност на главата и крв во устата, најверојатно постоеле и други полутрауматрски повреди. Ние пробавме да му пружиме помош, но лицето починало на лице место. Идентитетот на починатото лице не е познат затоа што првично кај него не биле пронајдени документи за идентификација, истакна Демиров за МИА, лекарот во Итната медицинска помош од Штип

Екипата на Итната медицинска помош лицето кое сакало да помогне на местото на несреќата го нашла на 500 метри од истата. – Лицето кое пешачеше по патот и најверојатно се криеше во грмушките од полицијата видовме дека е со раскрварено лице и со повреди, застанавме со нашето возило и го транспортиравме во болница, додаде Демиров.

Повеќе детали за несреќата ќе има во текот на денов.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега