Македонските ракометари денеска се враќаат дома

Македонските ракометари денес од 11 часот по средно европско време со лет преку Истанбул патуваат за Скопје по 10 натпреварувачки дена во Катар.

Звучи парадоксално, но селекциите кои обезбедија пласман од 16 до 24 место разигруваат во „Президент Купот„ во „Духаил арената„ а оние кои испаѓаат во осминафиналето, се враќаат дома.

Сега сите наши професионалци ќе се посветат на своите клубови, а наредната репрезентативна средба е на 29 или 30 април, кога во Скопје ќе гостува европскиот првак Франција во третиот квалификационен натпревар за европското првенство во Полска 2016 година. Собирот на репрезентативците е на 24 април.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега