Полицијата демне: Врие од несовесни возачи на скопските улици

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција откри и санкционира 12 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 40 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 19 возачи со своите возила се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од сообраќајната полиција отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега