Откриен идентитетот на момчето чиј живот згасна на патот Штип-Велес

На магистралниот пат Штип-Велес во 18 часот и 40 минути во близина на крстосницата за селото Криви Дол, штипско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило “Мазда 323” со велешки регистарски ознаки управувано од 23-годишниот Џ.З. од Скопје кој немал положен возачки испит, возило “Југо” без регистарски ознаки управувано од 27-годишниот Спасе С. од селото Таринци и возило “Пежо 407” со светиниколски регистарски ознаки управувано од 61-годишниот Ј.Д од Свети Николе. Според податоците од полицијата, во несреќата на лице место починал Спасе С. додека возачот на Маздата се здобил со телесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега