Филмска бркотница во Струмица: Гневни момчиња фрлале дрва по полицијата

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 27-годишниот К.П. и три години помладиот Ј.Д. од Струмица кои направиле вистинска драма. Синоќа кај локалниот пат с.Рич-с.Почево, струмичко, од страна на полициски службеници се преземени мерки за пронаоѓање на К.П., кој се бара по потерница.  При обид да биде извршена контрола над возило марка „Фиат Темпра“  управувано од него, во кое се превезувал и Ј.Д.  истите со голема брзина се дале во бегство упатувајќи се кон Струмица. Полициските службеници започнале да го следат возилото, а второпријавениот се обидел со фрлање на дрва од возилото да ги попречи, по што истите го оставиле возилото и се упатиле пеш кон селото. По ова, од страна на полициските службеници и шумската полиција, фрлените дрва се собрани и е утврдено дека се работи за 1,2 метри кубни дабови и габерови огревни дрва.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега