Немирна ноќ во Куманово: Ги собрал другарите за да претепаат постар кумановчанец

З.Б.(31), Љ.Б.(33), двајцата од Куманово и С.М.(43) од Слупчане си заработија кривични пријави за насилство. Полицијата информира дека на 26.12. минатата година првопријавениот со патничко возило „Пежо“ му го попречил патот на 60-годишниот А.И. од селото Отља, кој се движел со патничко возило „Ауди“, по што веднаш започнал вербална расправија.

Потоа телефонски ги повикал второ и трето пријавените кои за кратко време пристигнале на местото на настанот и физички го нападнале А.И. нанесувајќи му телесни повреди.

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега