Во Македонија испорачан најбараниот убиец

Алмир Дрпљанин кој уби полицаец кај ПМФ пред малку беше екстрадиран во Македонија и пренесен во затворот во Штип дознава Пресс 24. Тој во беше испорачан од Косово каде беше уапсен во јули 2012 година. Во 2010 година Алмир беше осуден во отсуство за убиство на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред ПМФ.Покрај за ова, тој беше осомничен и за филмскиот грабеж на Про- кредит Банка во центарот на Скопје, за ограбувањето на возила од Комерцијална Банка и за ограбувањето на возилата на Македонски Пошти во Чаир.

Во сите овие случаи имаше загинати и повредени лица. Името на Дрпљанин се поврзува и со крвната одмазда во Визбегово. 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега