Се одбележуваат 70-годишни од ослободување на Аушвиц

Околу 300 преживеани од Аушвиц денеска ќе учествуваат на церемонијата во Полска по повод 70-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор.

Церемонијата ќе се одржи попладне во Меморијалниот центар крај Краков на местото на поранешниот логор. 

 

На настанот ќе присуствуваат претседателите на Франција, Германија и Украина, Франсоа Оланд, Јоаким Гаук и Петро Порошенко, САД ќе бидат претставени од министерот за финансии Џејкоб Ли, а Русија од началникот на претседателската администрација Сергеј Иванов.

На церемонијата ќе учествуваaт и кралот на Белгија Филип, придружуван од сопругата Матилда, кралот на Холандија Вилем Александар и кралицата Максима, како и дваесетина други претседатели или премиери.

Стотина поранешни затвореници од Аушвиц ќе дојдат од Израел, придружувани од претставници на израелската Влада.

На настанот нема да присуствува рускиот претседател Владмир Путин, бидејќи  тој не бил официјално поканет.

Во пракса официјални покани воопшто не биле испраќани до политичките претставици, бидејќи раководствто на меморијалниот комплекс „Аушвиц-Биркенау“ одлучи церемонијата да ја посвети на преживеаните заробеници, од кои повеќето денес имаат околу 90 години.

Според чешките медими, Путин нема да присуствува ниту на настанот, организиран во Прага од Европскиот еврејски конгрес, како и на церемонијата на местото на поранешниот концентрационен логор Терезин и покрај тоа што бил поканет од чешкиот претседател Милош Земан.

Федерацијата на чешките Евреи категорично се спротивстави на доаѓањето на Путин во Прага на 27 јануари, ден кој Обединетите нации го прогласија за Меѓународен ден во спомен на жртвите на Холокаустот. 

Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин ќе учествува на настани посветени на жртвите на Холокаустот. Според соопштението, тој ќе го посети Еврејскиот музеј и центар на толерантноста во Москва.

 

Единици на советската армија го ослободија Аушвиц во јануари 1945 година, претходно во овој озлогласен концентрационен логор беа убиени 1,1 милион лица, претежно евреи од различни европски земји. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега