Од 1. јули ќе добиеме нова цена на струјата

Од 1. јули, најверојатно електричната енергија ќе добие нова цена. Сеуште не се знае дали таа ќе биде повисока или пониска од постојната.
 
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров на денешната прес-конференција информираше дека ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија веќе ги доставиле трошоците за нивно работење до Комисијата.

Во наредните две недели Комисијата ќе треба да ги разгледа барањата на енергетските компании и да се произнесе дали и кои трошоци ќе им бидат прифатени.

 
Се очекува новата цена на електричната енергија, која ќе важи од 1 јули годинава, да биде донесена до крајот на месецов.