ВМРО-ДПМНЕ го прославува 23 роденден

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 23 години постоење и 120 години од основањето. 

Прославата ќе се одржи вечер во „Музејот на Македонската борба за државност и самостојност“.

 - ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на историското ВМРО, секогаш беше на првата линија во борбата за демократско етаблирање на Република Македонија. Под закрила на оваа идеја, беше промовирана македонската валута, константно беше афирмирана политичката ориентација за членство на Македонија во Северноатланската договорна алијанса (НАТО) и за продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите американски држави (САД), беше поднесена првата декларација за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ), беше подготвена и започна реализацијата на првата сеопфатна програма за економски препород и развој на Македонија…

 Денес, ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ, се наведува на веб страницата на партијата.

најчитано сега