Уапсен поранешниот српски министер за економија Предраг Бубало


Српската полиција денеска го приведе поранешниот министер за економија на Србија, Предраг Бубало.

Тој е приведен поради сомнеж за малверзации при приватизацијата на претпријатието „Пристаниште Белград“.

Под истото обвинение покрај Бубало се приведени уште седум лица, меѓу кои и поранешните директори на српската Агенција за приватизација Миодраг Ѓорѓевиќ и Горан Мрѓа.