Ципрас му ветил на Каменос дека ќе го почитува неговиот радикален став за името

Независни Грци ќе ги поддржи економските политики на Сириза, се додека премиерот Алексис Ципрас не бара промени во областите каде што партијата на Панос Каменос има забелешки, пишува денеска „Катимерини“.

„Ова главно се однесува на ’замрзнување’ во надворешната политика: Сириза, на пример,  нема да продолжи со решение за прашањето за името на ПЈРМ со сложено име со кое Независни Грци не се согласуваат. Ниту пак, ќе ја оддели црквата од државата“, објавува „Катимерини“ повикувајќи се на партиски извори.

Како што јави МИА уште вчера, партиски извори од помалиот коалициски партнер во новата грчка влада изјавија дека Сириза ќе ги почитува црвените линии на АНЕЛ за националните прашања, и истакнаа дека меѓу Ципрас и Каменос „има добра хемија и доверба “.

Ставот на Независни Грци за името на нашата земја е да не се прифати име кое го содржи зборот Македонија.

За време на гласањето доверба на владата на Самарас во октомври минатата година, пратеничката на  АНЕЛ Марија Колиас Царуха ја изрази „големата загриженост“ на нејзината партија за „флексибилноста“ на владата во однос на името на Македонија.

- Се чини дека Грција значително го губи она што беше градено толку многу години, дури и со ветото на Костас Караманлис во НАТО. Министерот за надворешни работи предложи заемно прифатливо сложено име со географска одредница пред зборот Македонија. Му го дадовте на Скопје официјалното име Македонија ? Грчките фиксни позиции се дека нашата земја нема да признае име на Скопје кое го содржи зборот Македонија и негови деривати, и тоа треба да се применува“, изјави Колиас Царуха.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега