Тетово: Му го скршиле носот пред кафеана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(22) од Беловиште, Д.И.(22), М.И.(23), двајцата од .Раотинце и Т.З.(25) од Тетово, за тешка телесна повреда. Во месец ноември околу 02 часот по полноќ, пред угостителскиот објект во Брвеница, тетовско, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и две лица на возраст од 24 и 26 години во која пријавените физички ги нападнале, при што 24 годишното лице се здобил со тешка телесна повреда-скршеница на носна коска.

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега