Големо поевтинување парното во Скопје: Сметките пониски и за 500 денари

Поевтино парно , но од август. Драстичниот пад на цената на гасот и мазутот, треба да ја намали и  цената на топлинската енергија. Но од БЕГ велат дека корекција до јуни, до кога треба да ги поднесат пресметките на трошоците , нема да има. Намалување и тоа од 15% очекуваат дури од  август –односно  следната грејна сезона.

На пример, ако месечната сметка за парно сега е 3000 денари  и ако дојде до поевтинување за 15 отсто сметките би биле пониски за 450 денари.

Ниските температури пак кој ја зафатија земјава кон крајот на декември, не ја потрошија авансно наплатената топлинска енергија. Околу 40. 000 граѓани беа изненадени кога ги добија декемвриските сметки . БЕГ  испорача фактури  и со 4 денари за наплата.  Но пониские трошоци за парно се должат на порамнувањето кое го прави компанијата на крајот на годината.

Извори од Регулаторна велат дека иако е  рано да се зборува за намалување на цената на парното, сепак намалувањето на цената на гасот е секогаш позитивно за топлинската енергија.

 

Околу  50.000 граѓани за греење ја користат мрежата на Балкан енерџи. Претходно 13 000 домаќинства  го откажаа поради високите сметки а новоприклучени се 1200.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега