ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов молчи за скандалите - Заев мува не го лази!

Петре Шилегов молчи, а Зоран Заев мува не го лази што неговиот најблизок соработник е поврзан со криење фирми и закупнини, сомнеж за перење пари и стекнување на имот и злато од близу 1 милион евра по нејасен и сомнителен пат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија

Очигледно Зоран Заев соработниците ги бира по својот лик.

Прво беше случајот со кириите на Радмила Шекеринска, а сега и кириите на Петре Шилегов.

Кога веќе Шилегов ги избегнува прашањата од јавноста за своите сомнителни зделки, еве го прашуваме Зоран Заев како претседател на СДСМ и негов надреден да одговори.

Дали Зоран Заев мисли дека 130 илјади евра за злато се луксуз или не се луксуз?

Дали Зоран Заев мисли дека е нормално просечен човек во Македонија да може да купи уметнички слики од 50 000 евра?

Што мисли Заев од кај му се на Шилегов парите, со оглед на фактот што кажува дека златото го стекнал со купопродажен договор?

Дали Зоран Заев смета дека лажните кирии, со кои пари им легнуваат на сметка на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, се оправдани?

Дали станот на Радмила Шекеиснска вреди за кирија од 5000 евра, и дали во станот на Петре Шилегов може да функционираат 4 фирми?

Дали Зоран Заев познава некој друг што за кирија за стан плаќа 5 илјади евра и некој друг што има злато од 130 илјади евра и го купил со купопродажба?

Ова г-не Заев се прашањата кои останаа неодговорени од вашите најблиски соработници.

Недозволиво е вие и вашите сопартијци да се однесувате арогатно  и игнорантски кон јавноста.

Секој ден излегуваат матни скандали врзани со највисокото раководство на вашата партија, а вие молчите.

Очигледно вие сте им урнекот на вашите соработници.

Во СДСМ  сте го довеле до совршенство моделот на богатење преку сомнителна исплата на кирии.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега