Падна познат сопственик на градежни фирми од Скопје - проневерил 400.000 евра

Заради постоење на основано сомение за сторен финансиски криминал тежок 400.000 евра, Управата за финансиска полиција го уапси лицето Е.К сопственик и управител на две градежни фирми од Скопје, додека други две лица исто така сопственици и управители на градежни фирми кои се осомничени за помагање во вршењето на инкриминираните дејствија, сеуште се недостапни за органите на прогонот и по нив дополнително се трага.

Уапсениот Е.К свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за двете грдежни фими кои се во негова сопсвеност, прикажал  фалсификувани податоци во сметководствената евиденција на начин што евидентирал 47 (четириесетиседум) фактури со невистинита содржина од добавувачи-градежни фирми кои се во сопственост и се управувани од второ и трето пријавениот кои фирми никогаш ниту извршиле услуги ниту пак е извршено плаќање кон нив.  

Второпријавениот М.С исто така сопственик на градежни фирми од Скопје, со цел да му помогне на првопријавениот Е.К да изврши поврат на ДДВ, изготвил 14 (четиринаесет) фактури во износ од 14.385.944,00 денари кои не ги еведентирал во сопственото сметководство со што прикажал невистинити податоци во поднесените ДДВ пријави и  завршните сметка,  ја намалил обврската и не пресметал и не платил данок на додадена вредност.

Пријавениот Е.К со цел да се стекне со поголема материјална користи, од банкарските сметки на двете негови фирми за наводни „материјални трошоци“ и за наводни обврски „по склучен договор“  подигнал парични средства во готово за кои средства не изготвил и не доставил документација во сметководствената евиденција за нивна економска оправданост во износ од вкупно 54.238.910,00 денари.

Пријавениот со цел да не плати данок, дури и извршените набавки на трговска стока од маркети во Скопје кои ги користел за сопственото домаќинство во износ од 1.808.477,00 денари, без никаков правен основ ги плаќал со пари од фирмите кои ги поседува.

Основано сомневање за сторено кривично дело даночно затајување е утврдено и при продажба на основните средства на една од фирмите бидејќи наплатените пари наместо да ги упати на сметката на фирмата пријавениот ги присвоил лично за себе.

Финансиската полиција до Основното јавно обвинтелство во Скопје против трите лица поднесе кривична пријава за сторени кривични дела Даночно затајување“ казниво по член 279 од КЗ на РМ, кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги“ казниво по член 280 и кривично дело „Помагање“ казниво по член 24 од КЗ на РМ а имајќи ја во предвид причинетата штета за Буџетот на Република Македонија и опасноста за повторување на делото, судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1-Скопје на првопријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 

По второ и трето пријавениот кои сеуште се недостапни за органите на прогонот потрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега