МОН со апел за непречено реализирање на екстерното тестирање

Министерството за образование и наука апелира до управите на средните училишта, членовите на СОНК и до сите ангажирани субјекти во реализацијата на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта), да им овозможат на учениците кои пристигнале во училиштата на однапред дефинираниот термин, непречено да ја реализираат својата училишна и законски регулирана обврска.

Како што соопшти МОН, согласно информациите од кол центрите и ангажираните тестатори и набљудувачи, во ССОУ „Киро Бурназ“ во општина Куманово, на учениците кои пристигнале во училиштето, им било оневозможено да се тестираат, односно да го верификуваат стекнатото знаење, што е спротивно на нивната волја и позитивните законски прописи во Република Македонија. Проблеми со учениците се детектирани и во средните училишта во општина Тетово.

- Тоа предизвикува директна штета по однос на воспитно образовниот процес на учениците и подразбира ограничување на правото на понатамошно образование, односно упис и формализација на високото образование, наведуваат од МОН и ги ги повикуваат членовите на СОНК и сите други одговорни лица во образовниот процес, да не експериментираат со учениците, да не ги злоупотребуваат, да не си поигруваат со нивните судбини и активностите да ги реализираат на начин преку кој нема да предизвикаат реперкусии врз нивното образование.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:21
Фото: 
буквар.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега