Виена се подготвува за историската средба меѓу Тачи и Дачиќ

Средбата меѓу српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи која што ќе се одржи во недела на европскиот форум во Вахау во манастирот Гетвајт е нешто на кое што огромно значење и придаваат австриските официјални претставници, како што се министерот за надворешни работи на Австрија Михаил Шпинделегер кој им се извини на пратениците дека поради ваквата средба не бил во можност да дојде на седницата посветена на повлекувањето на австриските војници на Голан. 

Европскиот форум Вахау, што по 18-ти пат заеднички го организираат Народната партија на Долна Австрија и Министерството за надворешни работи на Австрија, а кое годинава ќе биде под мотото „ Надвор од кризата-контурите на нова Европа“, посебно внимание му посветува на учеството на Дачиќ и Тачи. 

Како што се истакнува во Виена, нивното учество ќе биде „врвот“ на дводневниот собир.

најчитано сега