Воз удри во бегалци во близина на Миравци

Синоќа на железничката делница близу Mиравци, на постојката Mилетково,  воз полесно повредил четири лица откако удрил во група бегалци од Блискиот исток.

Патничиот воз Солун-Скопје-Белград налетал на 30-ина мигранти кои се движеле по пругата. Сообраќајот на делницата бил во прекин два часа.

Лани, во периодот октомври- декември, на македонските пруги загинаа осумина бегалци, кои претходно илегално ја преминале грчко-македонската граница.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега