Водата се повлекува - каква е состојбата со подрачјата погодени од врнежите?

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на потегот меѓу Јосифово и Марвинци, Валандовско, каде што поради излевање на реката Вардар се поплавени овоштарници, водата се повлекува и сообраќајот е нормализиран. 

Во општините Конче, Радовиш, Крива Паланка, Пробиштип, Струмица, Штип, Карбинци,..., е ангажирана потребната механизација за санирање на оштетените патишта, објекти, делови од мостови,... 

На Струмичка река кај село Турија во Босилево се прават насипи и се подготвува регулација за испуштање на езерото со оглед дека има опасност од излевање на реката. 

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни единици постојано ја следи состојбата на терен, а во Владата попладнево ќе се оддржи состанок на Координативното тело за справување со кризи во проширен состав. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега