Охрид ќе стане светски центар на хуманизмот

Градоначалникот Никола Бакрачески, неодамна потврди дека постои иницијатива Охрид да биде прогласен за светски град на хуманизмот за 2016 година.

-Иницијативата за прогласување на Охрид за Светски град на хуманизмот за 2016 година по повод 1.100 годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, ќе претставува еден нов момент во афирмација и промоција на градот Охрид како центар во Европа и во Светот, истакна градоначалникот Бакрачески.

Од охридската Академија за хуманизам кои се иницијатори за прогласување на Охрид за светски град на хуманизмот велат дека  постапката е започната во консултации со познати интелектуалци.

Наредниов период се очекува да се  одбере локација, на која ќе биде поставен „Ѕид на хуманизмот“ на кој ќе се пишуваат добитниците на Светската награда за хуманизам.

Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, ова меѓународно признание се издигна во светски рамки со престижните добитници кои ја пренесоа славата на Охрид, како словенски Ерусалим на сите Меридијани.

Досегашни добитници се Даисаку Икеда – Јапонија, Маноел де Оливеира – Португалија, Александар Сложеницин – Русија, Рави Шанкар – Индија, Питер Брук – Велика Британија, Вида Огњеновиќ – Србија, Херта Милиер – Германија и Светлин Русев – Бугарија и годинашниот лауреат Џон Ралстон Сол од Канада.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега