Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Св.Сава

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија денеска им го честита празникот Свети Сава посакувајќи добро празнично расположение, многу здравје, среќа и бериќет.

- Празнувајќи го и одбележувајќи го денот посветен на првиот српски Архиепископ Свети Сава - патронот на српскиот народ претставува изразување почит кон српската заедница во Република Македонија која претставува нераскинлив дел од македонското општество. Цврсто негувајќи ги принципите на меѓусебно почитување, уважување, взаемна доверба, соработка и соживот ја прават Република Македонија посилна, перспективна и модерна, нешто за што е потребен заеднички напор и влог на сите граѓани, се вели во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега