Кој рече адио за Рио? И деветтото место ни носи квалификации за ЛОИ!

Ако Катар стане азиски шампион во октомври, а на Европското првенство во Полска в година триумфира (на пример) Шпанија, која исто така е четврт-финалист на ова СП – се отвора место за олимписките квалификации и за осмопласираниот и за деветтотопласираниот од овој Мундијал, пласман кој веројатно ќе го оствари Македонија.
makedonija bosna i hercegovina rakometari (23)

Значи, Македонија ќе се пласира на олимписки квалификации ако се исполнат овие три услова:

- Франција и Германија да влезат во четврт-финале и со тоа завршиме деветти на СП;

- Катар да стане шампион на Азија на првенството во октомври;

- Репрезентацијата која в година во Полска ќе стане европски првак, да биде една од тие што на овој Мундијал во Катар влегле во четврт-финале.

Извор: Спортмедиа.мк

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега