СП ракомет: Конечен пласман од 9 до 24 место на Мундјалот

Со одигрувањето на денешните средби во „Пресидент купот’’ познат е конечниот пласман на селекциите од 17-24 место на Светското ракометно првенство во Катар.
 
Во натпреварот за 17-место, Чешка  по изведувањето на пенали ја победи Белорусија 29:28. 
 
Селекцијата на Русија шампионатот го завршува како 19-то рангирана откако попладнево убедливо ја победи Босна и Херцеговина со 42:28. 
 
Иран со победата од 26:22 над Саудиска Арабија го освои 21-место, а Чиле го избегна последното место со победата над Алжир со 30:28 по изведувањето на пенали.
 
Потсетување дека Македонија која настапот на Мундијалот во осминафиналето беше поразена од Словенија, на крајот СП во Катар го заврши на 9-место. Со тоа обезбедивме пласман во квалификациите за ЛОИ во Рио.
 
Пласман на репрезентациите на СП од 9-24 место:
 
9. МАКЕДОНИЈА
10. Шведска
11. Исланд
12. Аргентина
13. Австрија
14. Египет
15. Тунис
16. Бразил
17. Чешка 
18. Белорусија 
19. Русија
20. Босна и Херцеговина 
21. Иран
22. Саудиска Арабија
23. Чиле
24. Алжир

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега