Кипар и годинава во рецесија

Кипарската економија и во 2015 година ќе остане во рецесија, иако таа ќе биде послаба од минатата година, покажува истражувањето на кипарскиот универзитет, цитирано од весникот „Катимерини“.

Според универзитетските прогнози, кипарскиот бруто домашен производ ќе се намали за 0,4 проценти, додека очекуваниот пад на економијата за 2014 година изнесува 2,2 процента.

Прогнозата на универзитетот е помрачна од предвидувањата на Владата и на меѓународните кредитори, кои очекуваат годинава кипарската економија да излезе од тригодишната рецесија и да достигне раст од 0,5 процент.

Според универзитетските експерти, одложувањето на структурните реформи и високиот процент на ненаплатени кредити ќе бидат пречка за обновата на земјата.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега