Есад Рахиќ на местото на Стевчо Јакимовски - Ване „Деликатес“ ударна тупаница на СДСМ

Есад Рахиќ е нов претседател на скопската градска организација на СДСМ. Местото кое до пред изборите го ржеше Стевчо Јакимовски, сега го превзема Рахиќ, кој во партијата се врати пред помалку од 3 месеци. Рахиќ и претходно беше Претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје. Негова заача ќе биде даго раздвижи членството во метрополата бидејќи во моментов СДСМ во Скопје има власт само во една општина, а на последните избори го загуби и Карпош, место кое традиционално го држеше под власт.
Важна позиција на клучен оперативец добива и Ванчо Георгиевски, сопственик на фирмата Деликатес. Тој важи за еден од клучните финансиери на партиајта.
Новото раководство и изборот на клучните оперативци, според извори од Бихаќка предизвикало незадоволство кај луѓето блиски до Црвенковски бидејќи во моментов, тие не контролираат ниту еден од клучните луѓе

најчитано сега