Од петок подгответе се за силен дожд

Од петок Македонија ќе биде под влијание на нов циклон, кој ќе донесе интензивни врнежи од дожд, силен ветер и пад на воздушниот притисок. На планините над 1.100 метри надморска височина ќе врне снег. Врнежите ќе бидат проследени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува силен југозападен ветер. Ветерт ќе достигне брзина и до 60 колиметри на час. Утринските температури ќе бида од минус 2  до 5 степени, а максималните дневни температури од 2 односно до 11 степени.

Во среда во Македонија ќе биде претежно облачно. Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има во западните и југозападните предели. Во вечерните часови постојат услови врнежите да се прошират и во централните и јужните предели. Утринските температури ќе се движат од минус 5 до 3 степени, а максималните температури од минус 1 до 7 степени

Во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб јужен и југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе се засилува. Утринските температури од минус 6 до 1 степен, а максималните дневни температури од 1 до 10 степени.

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега