Важна вест за македонските возачи

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража е намалена видливоста до 50 метри поради појава на магла, а повремен снег кој засега не се задржува на коловозот има во Павлешенци.

Забраната за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси на патот Ржаничино – Д.Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на реката Пчиња, се уште важи.

Останува во сила и забраната за движење на возила на патот Киселица - Злетово поради свлечиште.

Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат на м.р. Глобица во непосредна близина на селото Ратавци - Пробиштип и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

На патот Радовиш - Штип штетата на мостот е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

На останатите патишта сообраќајот се одвива нормално по влажни коловози.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега