ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Доаѓа циклонот Давид - носи многу дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Преку денот ќе има кратки сончеви периоди, но ќе има и повремени слаби врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

 

Во Скопје претежно облачно со услови за повремено проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. 

Во четврток ќе има преодно стабилизирање.

 Од петок попладне под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот ќе има нови пообилни врнежи од дожд придружени со умерен до засилен јужен ветер и локална појава на грмежи.

 

На планините и на некои повисоки места во западните делови на земјава, врнежите ќе бидат од снег.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега