Откриен идентитетот на напаѓачот во скопски Аеродром

Во 20 часот синоќа на булеварот „Јане Сандански“, на паркингот позади Трговскиот Центар „Капитол“, две непознати лица извршиле физички напад над 14 годишен  малолетник кој бил заедно со уште двајца пријатели на возраст од по 16 години. Според податоците од македонската полиција, насилниците најпрво ги пресретнале момчињата и почнале да ги бркаат, при што двајцата 16 годишници избегале во еден правец, а 14 годишниот малолетник се упатил во правец кон Ново Лисиче, но бил пресретнат од двете непознати лица и физички бил нападнат. Во еден момент успеал да избега по што лицата со возило мерцедес го напуштиле местото на настанот и откако стигнале во близина на  „Капитол“ од огнено оружје испукале неколку куршуми во непознат правец.

На малолетникот  му е укажана лекарска помош во Градската Болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди. По преземени мерки од страна на СВР Скопје пронајден и приведен е 16-годишниот А.К. од Скопје и со истиот е извршен разговор во полициската станица „Бит Пазар“ во присуство на негов роднина.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега