Притвор за полицаец од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминалподнесе кривична пријава против полицискиот службеник А.Х.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “криумчарење мигранти“ п

Пријавениот делото го сторил на тој начин што на 29.10.2014 година, во договор со лицето Р.С.(33) од Скопје за одреден паричен износ прифатиле и се обиделе да превезат илегални мигранти, од подрачјето на Гевгелија до Скопје, со цел нивно понатамошно криумчарење кон некоја од западноевропските земји. Истите со две возила се упатиле кон Гевгелија, каде по пронаоѓање на група на мигранти на одредено место во близина на Гевгелија ги прифатиле мигрантите и се упатиле кон Демир Капија, каде во близина на с.Милетково од страна на патролни тимови од ПС за БПС Демир Капија и ПС за ГН и ГП Богородица, било приметено возилото кое го управувал Р.С. и бил направен обид за запирање. Возачот не застанал на знакот на полициските службеници и се дал во бегство, додека во возилото биле пронајдени шест сириски мигранти (пет возрасни и едно дете). Истовремено, од страна на патролните тимови било приметено и возило Голф 3 кое го управувал А.Х., како на паркинг простор кај с.Милетково, извршило истовар на пет мигранти, а со цел истиот да не биде фатен, го завртел возилото и се упатил кон Гевгелија, но од страна на патролните тимови, бил стигнат кај с.Смоквица и приведен во ПС Гевгелија, додека мигрантите не биле пронајдени.

 

По преземени мерки и активности, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминалбило утврдено дека возач на другото возило бил Р.С., кој подоцна е пронајден и приведен и против истиот на ден 07.11.2014 година, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“.Додека, со А.Х. од страна на полициски службеници бил извршен службен разговор во просториите на ПС Гевгелија, но поради немање доволно докази истиот бил пуштен на слобода. По преземени дополнителни мерки и активности и обезбедени дополнителни докази за лицето на ден 22.01.2015 година, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“, по што од страна на Судија на претходна постапка добиена е наредба за приведување и истиот на ден 26.01.2015 година е приведен и однесен пред Судијата на претходна постапка кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.                                                                                                                                               

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 11:49
Фото: 
Архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега