Скопјанец поминал низ голгота за 150 денари!

Во 17 часот и 30 минути на улицата „Трифун Хаџијанев“ во Скопје, во продавницата „Ники-Нада“ се одвивала вистинска драма. 56-годишниот продавач  Д.С. мислел дека ќе помине еден вообичаен ден на работа, но наместо тоа, непознат сторител влегол во продавницата и со пиштол му се заканил, но продавачот се  спротивставил удирајќи го со дрвен предмет, при што крадецот успеал да одземе само 150 денари. По преземени мерки приведен е 52-годишниот Ш.Г. од Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ш.Г. минува во крим евиденцијата на МВР за сторени повеќе кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега